Анчелоти ги спореди Евертон и Реал Мадрид: Подобро е да имаш Ферари, отколку Фиат 500!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти ги изнервира сите во Евертон, откако го спореди клубот од „Гудисон парк“ со Фиат 500, а Реал Мадрид со Ферари.

Голем број навивачи на Евертон не му простија на Анчелоти затоа што го напушти тимот поради шпанскиот гигант, а Италијанецот сега им стави „сол на раната“ и дополнително ги изнервира.

На прес-конференцијата пред мечот во Лигата на шампиони, Анчелоти доби прашање за тоа колку е тешко да го предводи Реал Мадрид, а тој даде интересна изјава која ги повреди навивачите на премиерлигашот.

„Подобро е да имате Ферари, отколку Фиат 500“, кажа Анчелоти и се насмеа на прашањето, а тоа не им се допадна на поддржувачите на „карамелите“.