Анчелоти ги загрижи навивачите: Бензема е разочаран!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го запиша првиот пораз во Ла Лига откако беше поразен од Рајо Валјекано со 2-3, а повторно Карим Бензема не беше на теренот за да му помогне на актуелниот шампион.

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека Бензема нема да игра до дуелот со Кадиз од шпанската Ла Лига, кој ќе биде последен за „кралевите“ пред паузата за Мундијалот во Катар.

Анчелоти ги негираше шпекулациите дека Французинот намерно не играл и се штедел за настап на Светското првенство (СП).

„Бензема е разочаран поради целата ситуација. И тој не сака да оди на СП со мала минутажа и да не биде во одлична форма. Тој се повреди во дуелот со Селтик, но ќе игра во Катар. Сака да ни помогне, но едноставно не може во моментов“, вели Анчелоти.