Анчелоти го избра составот за финалето во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид утре ќе се соочи против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Натпреварот се игра на „Вембли“ во Лондон, а тренерот Карло Анчелоти е без услугите на украинскиот голман Андриј Лунин.

Лунин, сепак, не бил во плановите да брани во финалето затоа што Анчелоти се решил за Тибо Куртоа.

Во одбраната ќе играат Дани Карвахал, Ферлан Менди, Начо и Антонио Рудигер. Во средината се Тони Крос, Феде Валверде и Едуардо Камавинга, додека зад напаѓачите Родриго и Винисиус Жуниор ќе игра Џуд Белингам.