Феликс го натера и Роналдо да му се поклони (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жоао Феликс го одбележа натпреварот меѓу Ал-Наср и Ал-Фатех во Саудиска Арабија. Актуелниот шампион ја започна новата сезона со победа од 3:0, и тоа без Кристијано Роналдо во тимот.

Свежо оженетиот Португалец го следеше натпреварот од ложата од каде што беше сведок на генијалниот потег на сонародникот Жоао Феликс во 40. минута. Тоа беше еден од оние моменти за кои навивачите одат на стадиони.

Феликс, како на мал фудбал, слаломски помина покрај дефанзивците на гостите и ја смести топката во мрежата.

Мајсторски најпрво ја проби топката низ нозе на директниот чувар, и додека овој уште се прашуваше каде е топката, Феликс веќе избега од него, потоа помина уште еден играч на Ал-Фатех, наиде на третиот и потоа силно удри по топката.

И големиот Роналдо мораше да се поклони на ваквата вештина на сонародникот.