Анчелоти го враќа Кепа меѓу стативите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид води голема борба со Жирона за првото место во Ла Лига, а во продолжение од сезоната доби засилување бидејќи Кепа Аризабалага се рехабилитираше по повредата.

Кепа е прв голман на „кралевите“ оваа сезона, откако се повреди Тибо Куртоа, па затоа тренерот Карло Анчелоти реши да го врати меѓу стативите и да го седне на клупа Лунин, кој беше одличен во изминатиот период.

„Не е фер кога ќе оставиш некој на клупа, но Кепа ќе игра утре. Лунин? Не можам да играм со двајца голмани, за жал“, кажа Анчелоти.