Анчелоти: Имам двајца песимисти во почетниот тим


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти имаше прес-конференција пред мечот против Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Градските ривали ќе го одиграат првиот од трите закажани натпревари за јануари, а Анчелоти кажа дека неговите фудбалери се гладни за победа.

„Тимот е гладен за победа. Знаеме дека мора да одиграме сериозен натпревар. Очекувам израмнет меч. Антонио Рудригер е одличен во моментов и се познава неговото искуство. Тој е комплетен дефанзивец, а еден од најголемите квалитети му се тоа што е песимист, па тоа значи дека имам двајца песимисти во почетниот состав (Начо)“, кажа Анчелоти.