Анчелоти имаше само пофални зборови за Асенсио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера славеше со убедливи 6-1 против Мајорка, а најдобар на теренот беше Марко Асенсио, кој постигна хет-трик на натпреварот.

Шпанскиот репрезентативец ја искористи шансата која ја доби од страна на тренерот Карло Анчелоти и покажа каков квалитет има.

„Асенсио покажа дека е одличен во просторот меѓу линиите, а тоа е позиција од која може да му се наштети на ривалот. Има неверојатен квалитет, одличен удар и добро соработува со напаѓачите“, вели Анчелоти.