Анчелоти избра засилување во одбраната, па сега Перез е на потег!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти кажа дека Реал Мадрид е подготвен да купи засилување во јануари по проблемите со повредени фудбалери во одбраната на тимот.

Анчелоти наводно го избран Жан-Клер Тодибо како решение за проблемите во одбраната, иако интерес за неговите услуги покажа и Тотенхем.

„Чуамени не сака да игра како централен дефанзивец, а Камавинга не сака да игра како бек. Сепак, тие знаат дека мора да помогнат ако има вонредна ситуација во клубот“, кажа вчера Анчелоти.

Засега не е познато дали Анчелоти има и некое друго име на неговата листа со желби.