Анчелоти ја кажа причината за поразот од Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид загуби со 2-4 од Атлетико Мадрид и остана без можност да с ебори за титулата во шпанскиот Куп.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти кажа дека неговиот тим не заслужил да испадне, но смета дека за тоа придонела младоста и неискуството на неговите избраници.

„Одигравме добро, не сум сигурен дека заслуживме да испаднеме. Се боревме и двапати се вративме во игра. Ја контролиравме играта во некои делови од мечот и немаше потреба да брзаме, но тоа се грешки на младоста“, кажа Анчелоти.