Анчелоти ја отвори вратата: Азар може да си замине од Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид конечно се искачи на првата позиција во шпанската Ла Лига, па делува дека би можел да ја освои титулата ако продолжи вака. Во меѓувреме, тренерот Карло Анчелоти зборуваше за фудбалерите кои може да си заминат од тимот, а еден од нив е Еден Азар.

Азар пристигна како големо засилување во Реал Мадрид, но заработи неколку повреди и повеќе пати беше надвор од теренот, отколку во игра, па затоа ги разочара навивачите и раководството.

Тренерот Анчелоти кажа дека нема да му прави никаков проблем на Белгиецот доколку сака да замине од клубот.

„На ниту еден фудбалер никогаш не сум му направил проблем за да замине ако има таква желба. Нема да држам никого со сила во клубот. Ако сака Азар да си оди, тогаш е слободен“, кажа Анчелоти.