Анчелоти: Ќе биде тешко да освоиме шест трофеи, но уверен сум дека имаме подобар тим од лани!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти се надева дека со Реал Мадрид оваа сезона ќе освои шест трофеи, иако е свесен дека такво нешто е многу тешко со оглед на квалитетот на останатите гиганти.

„Кралевите“ ќе се борат за европскиот Суперкуп, Светското клупско првенство, шпанскиот Суперкуп, Ла Лига, Лига на шампиони и шпанскиот Куп.

„Ќе дадеме максимум во секое натпреварување, но ќе биде тешко да ги освоиме сите трофеи. Но, сепак убеден сум дека имаме подобар состав од минатата сезона. Потпишавме со Рудигер и Чуамени, кои ги засилија тимот“, кажа Анчелоти.

Новинарите ги интересираше и што ќе се случи со тимот ако се повреди Карим Бензема бидејќи Анчелоти не купи напаѓач.

„Кога ќе го немаме најдобриот напаѓач во светот, тогаш е тешко да го замениме, но сепак ќе се прилагодиме на ситуацијата бидејќи имаме многу офанзивни фудбалери“, вели Анчелоти.