Анчелоти конечно дозна какви повреди имаат Милитао и Бензема


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше против Валенсија со 2-0, но притоа се повредија Карим Бензема и Едер Милитао, а тренерот Карло Анчелоти дозна колку време ќе паузираат.

Дефанзивецот и напаѓачот на „кралевите“ се здобиле со мали повреди и ќе паузираат само на натпреварот против Мајорка.

Доколку не се искомплицира нивната ситуација, Милитао и Бензема ќе можат да заиграат за шпанскиот гигант во осминафиналето на Лигата на шампиони.