Анчелоти: Моите момци се борат до крајот без разлика дали играме лошо или добро!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше против Валенсија во завршницата од натпреварот со 2-1, откако до 86. минута имаше негатива од 0-1.

„Кралевите“ благодарение на Винисиус Жуниор и Карим Бензема постигнаа голови за победа од 2-1.

„Имам состав кој се бори до крајот без разлика дали играме лошо или добро. Среќен сум што ги имавме Винисиус и Бензема кога беше најпотребно, но исто така задоволен сум од сите играчи во овој натпревар“, кажа Анчелоти.

Реал Мадрид со вчерашната победа од 2-1 се искачи на првото место и има 13 бодови, односно два повеќе од Атлетико Мадрид.