Анчелоти му испрати јасна порака на Челси за иднината на Азар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти испрати јасна порака до Челси за иднината на Еден Азар, кој се поврзува со трансфер на „Стемфорд бриџ“, каде што играше во минатото.

„Сините“ го продадоа Азар на „кралевите“ за сума од 130 милиони фунти, но Белгиецот често беше повреден и никогаш не ги оправда очекувањата.

Шпанските медиуми почнаа шпекулации дека Азар би можел да се врати во Челси, иако за него е заинтересиран и Њукасл кој стана најбогат тим во светот.

Меѓутоа, Анчелоти испрати јасна порака дека Азар е во неговите планови и за следната сезона, па најверојатно нема да го продаде до крајот на месецов, но очигледно нема ниту на лето.

„Азар е во плановите за следната сезона. Можам да ви го потврдам тоа“, кажа Анчелоти.