Анчелоти не може да смета на двајца важни фудбалери во финалето на Суперкупот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе игра во финалето на шпанскиот Суперкуп, но тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета на неколку фудбалери против Атлетик Билбао.

Дани Карвахал имал позитивен тест на ковид-19 пред мечот кој е закажан за недела, па нема да настапи за екипата.

Карвахал се врати во составот на „кралевите“ откако ги пропушти претходните пет натпревари поради повреда и одигра 90 минути против Барселона.

Ова е чекор назад за Карвахал, кој сезонава настапи на само девет натпревари, а се очекува неговата позиција да биде покриена од Лукас Васкез.

Давид Алаба, исто така, е во аут за натпреварот против Атлетик Билбао, откако не настапи ниту во полуфиналето против Барселона.