Анчелоти: Нема да се фокусираме само на Халанд, туку на цел тим на Сити!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Европскиот шампион Реал Мадрид вечерва ќе се бори против Манчестер сити во првиот дуел од полуфиналето на Лигата на шампиони.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти кажа дека неговиот тим нема да се фокусира само на Ерлинг Халанд, туку на цел тим.

„Не го подготвуваме натпреварот за да го запреме Халанд, туку да го запреме цел тим на Сити. Ерлинг е опасен фудбалер, кој е голема закана, но не смееме да заборавиме на остатокот од екипата“, кажа Анчелоти.

Дуелот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ од 21 часот.