Поранешниот напаѓач на Интер и ПСЖ се најде во големи проблеми во родната Аргентина откако властите покренаа постапка против него поради видео објавено на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како Икарди управува автомобил, а неговата партнерка Чина Суарез седи покрај него без безбедносен појас и се наведнува низ прозорецот на возилото. Токму овој видео запис беше доволен за да реагираат надлежните институции.
Според одлуката на властите во покраината Буенос Аирес, на Икарди му е превентивно суспендирана возачката дозвола, а во регистарот забраната се води до 2099 година. Иако звучи неверојатно, станува збор за административна ознака која останува на сила додека не ги исполни условите за повторно стекнување на право за возење.
За време на проверката, беше утврдено дека аргентинската возачка дозвола на Икарди му истекла уште во мај 2019 година. За да може повторно да вози во Аргентина, ќе мора да помине психолошка оцена која ќе утврди дали е способен за управување со возило.
.ИКАРДИ ЗАД ВОЛАНОТ СО ИСТЕЧЕНА ДОЗВОЛА 🚘⚠️
Ехенија „Чина“ Суарез го тргна појасот и извлече голем дел од телото низ прозорецот, додека Мауро Икарди продолжуваше да вози.
По објавувањето на видеото, утврдивме дека Икарди имаше истечена возачка дозвола. pic.twitter.com/lV5rFGbD1w— Министерство за транспорт (@TransportePBA) 21 септември 2026
















