Анчелоти од јануари ќе замине на клупата на некој друг клуб?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот стручњак моментално го предводи Наполи.

Стручњакот за трофеи Карло Анчелоти кој водеше неколку големи европски клубови можно е од јануари да работи надвор од европскиот континент.

Анчелоти моментално е шеф на стручниот штаб на Наполи, а од почетокот на 2020. година можно е да седне на клупата на Бока Јуниорс, објавија од Fox Sports.

Искусниот стручњак води ладна војна со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и не му ја затвори вратата на клубот од Буенос Аирес.

Во Бока наскоро ќе бидат одржани претседателски избори и затоа не треба да не чуди зошто овој славен клуб се поврзува со Анчелоти.

Инаку, Анчелоти кој во својата кариера ги има предводено Јувентус, Милан, Баерн, ПСЖ, Челси договор со Наполи има до крајот на оваа натпреварувачка година.