Анчелоти одговори на барањето на Сити за Кимих


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Младиот дефанзивец на Баерн од Минхен Јошуа Кимих е голема желба на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручнак сака да го види во одбраната на Манчестер Сити, но тренерот на Баерн Карло Анчелоти сепак порача дека од тој трансфер нема да биде ништо.

„Кимих е наш фудбалер и многу е важен за нашиот тим. Тој останува во Баерн 100 проценти“, порача Анчелоти.

Да потсетиме дека Кимих позади себе има одлична сезона во Бундеслигата и на ЕП во Франција.