Анчелоти по скандалот со Алмерија: Ова беше чуден натпревар…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 3-2 против Алмерија во натпревар кој предизвика бурни реакции поради скандалозните судиски одлуки.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез кажа дека цел свет видел што се случило во Мадрид и посочи дека тоа бил чист грабеж, но неговиот колега Карло Анчелоти смета дека ВАР-системот не направил грешка.

„Ова беше чуден натпревар. Ни недостигаше енергија во првото полувреме, додека во вториот заигравме подобро. Разбирам зошто Алмерија се врати, тоа беа одлуки кои ВАР ги провери и беа точни“, кажа Анчелоти.

Алмерија имаше водство од 2-0 на полувремето во Мадрид, но „кралевите“ во вториот дел режираа целосен пресврт.