Анчелоти: Сакам да останам во Реал Мадрид до крајот на животот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во изминатите недели се шпекулира за иднината на Карло Анчелоти, кој би можел на лето да го напушти Реал Мадрид, а како нова дестинација се споменува бразилската репрезентација.

Италијанецот не е во најдобри односи со претседателот Флорентино Перез поради лошите резултати во Ла Лига оваа сезона.

Претседалот на бразилскиот фудбалски сојуз, Едналдо Родригез кажа дека се надева на договор со Анчелоти, но Италијанецот даде јасна изјава за медиумите.

„Сакам да останам во Реал Мадрид, среќен сум тука. Веќе го кажав тоа многу пати. Сакам да останам во Реал до крајот на животот“, кажа Анчелоти.