Анчелоти се изнервира: Не знам како измислија пенал!? (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти воопшто не беше среќен по ремито на неговиот тим против Жироан (1-1) во 13. коло од шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид поведе со голот на Винисиус Жуниор, по што Жирона доби пенал по наводна игра на Марко Асенсио со рака во казнениот простор.

Кристијан Стуани погоди од пенал за 1-1, а во финишот се случуваше драма кога на Родриго му беше поништен гол поради прекршок врз голманот на Жирона.

„Вообичаено не зборувам за вакви работи, но денеска не можам да молчам. Првата ситуација беше јасна. Асенсио не играше со рака, зборував со него и тој ми потврди. Неговата лева рака беше во необична позиција и доколку ја допреше топката, тогаш немаше да има сомнеж за пенал. Не знам од каде го измислија пеналот“, вели Анчелоти.