Анчелоти се „намерачи“ на двајца врвни фудбалери од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европски и шпански шампион Реал Мадрид сака да се засили во јануари, а медиумите пишуваат дека Карло Анчелоти врши притисок врз претседателот Флорентино Перез за да му донесе две засилувања од Серија А.

Анчелоти е заинтересиран за услугите на Виктор Осимен од Наполи и Рафаел Леао од Милан, кои се лидери во своите екипи и се борат за Скудетото.

Тренерот на „кралевите“ е разочаран затоа што минатото лето не успеа да го ангажира Килијан Мбапе и исто така Карим Бензема често е повреден, па почна да ја губи првата позиција зад Барселона.

За Леао постои интерес и од Челси и Манчестер сити, па ќе се води голема борба во јануари за потписот на талентираниот Португалец.