Анчелоти си оди од Реал Мадрид за да го преземе најсилниот тим во светот!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинар на португалски „Си-Ен-Ен“, Бруно Андраде објави дека Бразил тргнал по потписот на Карло Анчелоти кој во моментов го тренира Реал Мадрид.

Бразилската јавноста е разочарана од резултатите на Мундијалот во Катар, па поради тоа Тите си поднесе оставка, а како негова замена се споменува Анчелоти.

Италијанецот има договор со Реал до 2024 година, но новинарот вели дека Анчелоти ќе го прекине истиот една година претходно, односно во јуни 2023 ќе си замине од Мадрид.

Анчелоти во текот на кариерата предводеше многу екипи, меѓу кои се Парма, Јувентус, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон, па има големо искуство кое може да го примени во бразилскиот состав.