Анчелоти со барање до раководството: Одличен Италијанец доаѓа бесплатно во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид мисли на својата иднина и бара замени за Лука Модриќ и Тони Крос, а тренерот Карло Анчелоти веќе испрати барање до раководството на тимот.

Анчелоти сака да го види Лоренцо Пелегрини во екипата на „кралевите“ затоа што актуелниот капитен на Рома би требало да биде идеална замена за Крос и Модриќ.

Пелегрини има уште една година од договорот со Рома, а очигледно нема намера да ја продолжи соработката со италијанскиот тим, па како негова следна дестинација се споменува Мадрид.

Италијанецот веќе одигра 160 натпревари за Рома, а притоа постигна 27 голови и 36 асистенции, па Анчелоти смета дека би бил идеално решение за неговата екипа.