Анчелоти: Среќен сум што го имаме Куртоа, кој одбрани – сѐ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера одигра 0-0 против Виљареал и за првпат сезонава не постигна гол, а тренерот Карло Анчелоти не може да биде задоволен со играта на неговите фудбалери.

Избраниците на Анчелоти потфрлија во нападот, но затоа на голот на Реал беше одличен Тибо Куртоа, кој ја зачува својата мрежа.

„Се обидовме да ги притиснеме, но тие одлично играа и ја контролираа топката. Очигледно немавме добар меч сезонава. Имавме среќа што Куртоа бранеше одлично и ја зачува нашата мрежа. Не сум лут и ќе продолжиме кон патот до титулата“, вели Анчелоти.

„Кралевите“ во моментов се на првата позиција со 17 бодови, додека Виљареал се наоѓа на 10. место со осум бодови.