Анчелоти стигна до „стотка“, а наскоро ќе падне и Фергусон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот шампион Реал Мадрид има одличен старт на сезоната, па славеше во првите две кола во Лигата на шампиони (ЛШ), но исто така одличен беше и во Ла Лига.

Реал славеше против Лајпциг со 2-0 во второто коло, а тоа беше 100. победа за тренерот Карло Анчелоти во ЛШ, па така се искачи на втората позиција на листата со тренери кои стигнале до најмногу победи во елитата.

Првото место му припаѓа на Сер Алекс Фергусон, кој има две победи повеќе, па наскоро се очекува да падне нов рекорд.

На шпанскиот тим му следат два меча против Шахтјор, па Анчелоти ќе има одлична можност да го израмни рекордот на Фергусон.