Анчелоти воодушевен од Ѓулер: Ова го можат само големи таленти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Арда Ѓулер имаше неверојатен обид во завршницата на мечот меѓу Осасуна и Реал Мадрид (2-4), но топката заврши во пречката.

Ѓулер испрати удар од средината на теренот и го лобуваше голманот, но топката заврши само во пречката.

Младиот и талентиран фудбалер доби големи пофалби од јавноста, но и тренерот Карло Анчелоти.

„Само голем талент може вака да ја прочита играта. Не е важно тоа што не постигна гол, туку неговиот потег беше генијален“, кажа Анчелоти.