Анчелоти за ѕвездата на Реал која доживеа драстичен пад во формата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид остана без битката за титулата во Ла Лига и веќе со мислите е насочен кон летниот преоден рок во кој ќе се обиде да купи нови фудбалери со кои ќе може да се бори за пехарот.

Тренерот Карло Анчелоти во разговор со шпанските новинари објасни зошто Орелиен Чуамени го загуби местото во стартниот состав.

„Во првиот дел од сезоната сите останавме изненадени од нивото кое го покажа Чуамени. Тој го пополни местото на Касемиро. По крајот на Мундијалот, не играше на истото ниво, но не е вистина дека е трета опција. Станува збор за млад фудбалер, се уште треба да се адаптира на нашито стил и ќе биде многу важен во иднина“, кажа Анчелоти.