Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид вчера одигра пријателски натпревар против Фјорентина, а средбата заврши со нерешен резултат 2:2.
Мурињо не беше задоволен од случувањата на овој натпревар, но и од крајниот резултат, па веднаш се повлече од теренот по последниот свиреж.
Не се поздрави Мурињо ниту со еден играч, ниту на Реал Мадрид, ниту на Фјорентина.
Јасно е дека не е задоволен од играта на многу играчи, но и од начинот на кој тренираат, но еден играч успеа да го импресионира.
Трент Александар-Арнолд остава одличен впечаток за време на подготовките и сѐ повеќе покажува зошто е донесен како големо засилување.
Како што пишува шпанската Марка, англискиот репрезентативец ги импресионираше Жозе Мурињо и членовите на неговиот стручeн штаб со досегашната работа.
Се наведува дека Трент од првиот ден прикажува извонредна желба и мотивација на тренинзите.
















