Анчелоти: Задоволен сум и покрај поразот, има уште многу да се игра до крајот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид загуби од Рајо Валјекано и Столе Димитриевски со 2-3 и тоа беше прв пораз за шампионот во Ла Лига оваа сезона, а така мораше да го препушти и првото место на табелата.

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека е задоволен од досегашните резултати на екипата без разлика на тоа што доживеа пораз од Рајо.

„Одиме на пауза пред Мундијалот по толку многу натпревари, но овој дел од сезоната е добар за нас. Признавам дека не одигравме на врвно ниво против Рајо и требаше да го промениме начинот затоа што грешевме многу и ни недостигаше енергија. Сепак, фудбалерите чувствуваат замор поради големиот број натпревари. Разочарани сме што ја загубивме првата позиција, но има уште многу да се игра“, вели Анчелоти.