Анчелоти застана во одбрана на Азар: Ќе се врати во стара форма!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти застана во одбрана на неговиот фудбалер Еден Азар, кој постојано добива критики поради лошите настапи.

Азар го почна последниот меч против Селта од клупата за резервни фудбалери, а во финишот промаши пенал за „кралевите“.

„Не играше многу, но покажа дека ќе се врати. Не е важно тоа што промаши пенал. Тој добро ги изведува и сигурен сум дека ќе ја врати старата форма“, вели Анчелоти.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Азар има проблеми да се избори за место во стартниот состав, иако стигна како големо засилување од Челси во 2019 година и беше платен неверојатни 100 милиони евра.