Андонова: Црвено-жолта е боја за која живот се дава!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова реагираше поради потегот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за промената на бојата на дресот, кој ќе биде бордо за Европското првенство (ЕП).

ФФМ ја вознемири јавноста, која испрати негативни коментари на дизјанот на новиот дрес, а сега и Андонова порача дека црвено-жолта е боја за која живот даваат на теренот.

„Никој никогаш нема да разбере колку има претрпено мојата земја, треба вистинска сила и достоинство да се биде дел од оваа земја МАКЕДОНИЈА, борбата никогаш нема да престане ! Црвено – жолта тоа е боја за која живот даваме “, напиша Андонова.