Андонова даде два феноменални голови за Леванте ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалерка Наташа Андонова која настапува за екипата на Леванте во Ла Лига на последните два натпревари постигна два гола.

Андонова во победата против Атлетик со 2:0 постигна прекрасен погодок во 63. минута од натпреварот, а потоа со мајсторски лоб удар ја затресе мрежата и на Депортиво (4-1).

Нашата фудбалерка така стигна до првите два гола сезонава во женската Ла Лига, а тука сигурно нема да запре со оглед на нејзиниот квалитет.

Женската екипа на Леванте се наоѓа на деветтото место со 10 освоени бодови.