Андоновски со Американките оствари убедлив триумф на стартот на Мундијалот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Женската фудбалска репрезентација на САД тргна со триумф од 3-0 против Виетнам на Светското првенство (СП).

Македонскиот тренер на кормилото на САД, Влатко Андоновски ќе мора да се соочи со голем притисок затоа што е фаворит за освојување на Мундијалот.

Првите два гола на натпреварот ги постигна Смит, додека победата ја потврди Хоран во 77. минута од натпреварот.

Американките во следните два меча ќе се соочат против Холандија и Португалија.