Андреа Пирло со прв тренерски ангажман, поставен на чело на у-23 тимот на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот легендарен италијански фудбалер, Андреа Пирло и официјално е назначен за тренер на у-23 тимот на Јувентус.

Ова значи враќање на Пирло, но во многу поинаква улога, во Торино по неговото заминување од клубот во 2015 година.

„Во летото 2015 година Пирло му кажа збогум на Јувентус по четири години во кои постигна неверојатен рекорд, четири Скудета, еден италијански Куп и два италијански Супер купа, -стои во дел од соопштението на Јувентус.