Андреев потврди: Постигнав договор со Вардар! (Фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот шампион и поранешен европски првак Вардар почна да гради екипа за следната сезона во која ќе има повисоки амбиции и ќе сака да се вклучи во трката за тронот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Вардар веќе ги договори Божо Анѓелиќ, Нејц Цехте, како и Жилберто Дуарте, а постои договор и со Павел Андреев кој наскоро ќе го засили скопскиот гигант.

Рускиот ракометар за руските медиуми потврди дека постои договор со „црвено-црните“, па така се очекува да биде најново засилување на Вардар.

Андреев досега играше за Чеховски Медведи, а во 2020 година на Европското првенство (ЕП) настапи со Русија.