Анелка ја кажа брутална вистина за Меси и Роналдо: Не беа паметни, кариерите им се готови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатото лето ќе остане запаметно по трансфери на двата најголеми фудбалери во 21 век, а тоа се Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Португалецот се врати во Манчестер јунајтед, додека Аргентинецот замина од Барселона и се пресели во ПСЖ.

Поранешниот француски фудбалер Николас Анелка, кој во минатото го носеше дресот на Челси, смета дека тоа биле погрешни потези од двете големи ѕвезди.

„Нивните кариери се готови и мислам дека двајцата мора да бидат задоволни со тоа што го постигнаа во претходните 15 години. Беа над сите и сега нормално е да го изгубат врвот. Повеќе ме изненади Меси отколку Роналдо. Мислев дека ќе доминира во Франција, но не се случи тоа на крајот“, вели Анелка.