Ангеловски бил најмалку платен селектор на ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Досегашниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски имал најмала годишна плата во споредба со неговите колеги од другите репрезентации кои беа на Европското првенство (ЕП).

Чешките медиуми ги објавија платите кои ги заработуваат селекторите на годишно ниво, а на првото место се наоѓа Јоаким Лев со плата од 10,1 милион евра годишно, додека по него следи Дидие Дешамп со 9,33 милиони евра.

Ангеловски се наоѓа на последната позиција на табелата со само 191.000 евра годишно, а најблиску до него е Штефан Таркович, кој заработува двојно повеќе, односно 383.000 евра.