Ангеловски: Германија е фаворит, но моите момци играат добро против такви противници!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски одржа прес-конференција пред натпреварот против Германија.

Ангеловски кажа дека очекува добар натпревар и порача дека ќе им дадеме достоен отпор на Германците.

„Германија е фаворит во тоа нема дилема. Меѓутоа моите момци токму против репрезентации како Германија знаат да одиграат најдобро. Верувам во нив. Сигурно нема да биде лесно, како што кажав фаворити се, но и ние имаме што да покажеме. Ова е трет натпревар во овој циклус, тие одморија неколку играчи со Романија, но и ние тактизиравме со Лихтенштајн. Ќе влеземе спремни во мечот“, изјави Ангеловски.

Адеми и Велковски како што изјави селекторот се уште се повредени, но конкурираат за место во стартниот тим. Одлуката ќе биде донесена по денешниот тренинг.