Ангеловски: Кога Италија и Франција се жалат на ваквиот систем, што останува за нас…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски на денешната прес-конференција пред утрешниот меч против Грузија се пожали поради пеколниот распоред и ритам кој го даде УЕФА.

Македонските фудбалери за само седум дена одиграа три меча и поради тоа репрезентативците се изморени, а дел од нив заработија и повреди.

„Првпат играме три натпревари во седум дена, знаеме првиот колку беше важен. Ако Италија, Франција… Такви репрезентции беа револтирани од ваков систем кој УЕФА го одреди што останува за нас помалите. И Грузија има проблеми како и ние, како и јас и нивниот селектор сигурно ќе се обиде да извлече максимум од тоа што го има на располагање“, изјави Ангеловски.