Ангеловски: Не сум селектор кој калкулира, одиме на победа!

Македонските репрезентативци денеска ќе играат против Ерменија од 18 часот во последното коло од Лигата на нации, па имаат голема можност да изборат пласман во Б-дивизијата.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски кажа дека не планира да калкулира и да игра на нерешено затоа што би можеле да го освоиме првото место во групата и со реми, па затоа денеска ќе играат на победа.

„Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм , тоа ми мана, ќе играме на победа, имаме одлични избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи, секој позитивен резултат ќе нè однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме”, кажа Ангеловски.