Ангеловски: Ова е меч кој буди посебни емоции, не планираме тука да застанеме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски даде изјава пред мечот од финалето во Лигата на нации против Грузија, кој може да ни донесе пласман на Европското првенство 2021.

На македонските репрезентативци им остана уште последната пречка до големиот успех, па на 12 ноември ќе има шанси во Тбилиси да ни донесат среќа на сите во Македонија.

„Знаеме против кого играме, знаеме за што играме. Ова е натпревар кој навистина буди посебни емоции бидејќи имаме шанса на фудбалска Македонија да и донесеме пласман на Европско првенство. Среќни сме што сме дел од ова финале, но не планираме тука да застанеме“, вели Ангеловски.