Ангеловски повика нови три фудбалери за мечот со Ерменија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски се соочи со големи проблеми затоа што не може да смета на неколку стандардни репрезентативци на последниот меч против Ерменија.

Македонија нема да има помош од Горан Пандев, Столе Димитриевски, Аријан Адеми, Езгјан Алиоски, Бобан Николов и Стефан Спировски, па селекторот немаше друг избор освен да повика нови фудбалери.

Ангеловски во репрезентацијата ги повика Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП и Душко Трајчевски од тимот на Докса.

Последниот меч во групната фаза од Лигата на Нации меѓу Ерменија и Македонија се игра во среда со почеток од 18 часот.