Ангеловски повика пет нови имиња во репрезентацијата за мечот против Грузија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски реши да повика нови фудбалери за мечот против Грузија, кој се игра в среда, бидејќи се соочува со големи проблеми.

Ангеловски не може да смета на многу фудбалери поради повреди и замор од првите натпревари против Косово и Естонија, па поради тоа мораше да менува нешто.

На репрезентацијата се очекува да се приклучат Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар и десниот бек на Македонија Ѓ.П, Томе Китановски. Повик доби и младинскиот стопер Агрон Руфати кој е член на младата репрезентација, но е ослободен од обврските за младите поради жолти картони.

Во опција за доаѓање биле Стефан Ашковски и Давид Бабунски, но во време на пандемијата нивното доаѓање во Македонија е тешко, па затоа Ангеловски се насочи кон фудбалерите од домашното првенство.