Ангеловски прв фаворит за преземање на Фенербахче!

Игор Ангеловски наскоро ќе замине од кормилото на македонската фудбалска репрезентација, каде што ќе го наследи Благоја Милевски.

Ангеловски по пет ипол години си заминува од селекторската функција, а поради успехот со македонските фудбалери, за неговите услуги се заинтересирани неколку екипи, меѓу кои и Фенербахче.

Претседтелот на Фенербахче, Али Коч го скратил списокот на три имиња за нов тренер, а освен Ангеловски, во конкуренција се уште и Ненад Бјелица и Марко Силва.

Турски „Фанатик“ објави дека преговорите со Ангеловски се почнати и наскоро се очекува конечна одлука за тоа дали ќе седне на тренерската позиција на турскиот гигант или ќе бара ангажман на друго место, а интерес за него постои бидејќи претходно се поврзуваше со Џенова и Сампдорија.