Ангеловски: Треба на терен да ја оправдаме фаворитската улога, од прв момент сакаме да дадеме гол!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија утре ќе игра против Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП), а во натпреварот ќе ја имаме улогата на фаворит.

Селекторот Игор Ангеловски очекува добар натпревар и подобро реализирање на шансите за разлика од првиот натпревар против Романија.

„Ја прифативме улогата на фаворит и треба да ја докажеме на теренот. Во минатите години бевме во слична ситуација и покажавме дека може да победиме. Лихтенштајн има нова селекција, но ние сме подготвени. Направивме анализа и од утре очекувам да реализираме уште при првата шанса. Треба брзо да дадеме гол во мрежата на противникот“, вели Ангеловски.

Македонија првиот меч во квалификациите го загуби со 2-3 од Романија на гости во Букурешт.