Ангеловски: Ви благодарам! Вие сте мои херои!

Селекторот Игор Ангеловски објави фотографија на својот профил на Фејсбук од неговите избраници по натпреварот против Германија.

Ангеловски за првпат се јави по големата победа против германската фудбалска репрезентација, а ја искористи можноста да им се заблагодари на репрезентативците.

„Ве сакам! Ви благодарам за овие незаборавни моменти со вас. Вие сте моите херои!“, напиша Ангеловски.