Ангеловски: Вие сте моите херои, ова е победа за целиот народ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија славеше против Германија со 2-1, а по натпреварот пресреќен беше селекторот Игор Ангеловски, кој им честиташе на неговите избраници.

Нашите репрезентативци направија огромно изненадување на гостувањето во Дуизбург и тоа е втора победа во квалификациите.

„Овие момци ја направија горда Македонија. Тие се нашите спортски херои, тоа се фудбалери кои ја кренаа нацијата на нозе. Среќен сум што работам со такви фудбалери. Овој триумф е за сите, но и за оние кои им го донесовме овој успех. Ова е победа за целиот народ“, вели Ангеловски.

Македонија има шест бодови во квалификациите по три одиграни меча, а пред нас е Ерменија со девет бодови.