Ангеловски: Во Букурешт ќе дебитираме на ЕП, треба тоа да ни биде мотив плус против Романија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија утре ги почнува квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар, а првиот натпревар се игра против Романија во Букурешт.

Селекторот Игор Ангеловски кажа дека Романија е квалитетен состав, но неговите фудбалери покажале многупати дека можат да играат против сериозен ривал.

„Во овој град ќе дебитираме летово на ЕП, ова треба да ни биде мотив повеќе за добар настап. Без разлика на отсуствата наша задача е да го извлечеме најдоброто. Романија е одлична селекција. Романците се наш пријателски народ и сакам да ни дадат поддршка на шампионатот“, вели Ангеловски.